Првиот надворешен меч во тековната НХЛ сезона го одиграа Колорадо Аваланш и Вегас Голден Најтс на самиот брег на езерото Тахоу.
На него, Колорадо триумфираше со 3-2 и го зазеде третото место во Западната дивизија со два бода заостаток во однос на второпласираниот Вегас.
Првата третина започна според планираното време и во неа, единствен стрелец беше Самуел Жирар, кој му донесе почетно водство на Колорадо.
Поради неповолните временски услови, втората третина беше одложена за неколку часа за да се среди ледената плоча.
Во вториот дел, Алек Мартинез израмни на 1-1, а ново водство од 2-1 на Аваланш им донесе Нејтан МекКинон.
Во третиот период и двете екипи постигнаа по еден гол, односно за победниците стрелаше Девон Тјус, а за поразениот состав – Алекс Так.
📸 Christian Petersen/Getty Images