Бафало Билс и Сиетл Сихокс го одиграа натпреварот што релативно можеше да биде сметан како „дерби на деветтото коло“, кој заврши со резултат од 34-44 во корист на Бафало.
Билс одлично го започнаа мечот со два брзи тачдауни во првите седум и пол минути и еден пресечен пас во својата „црвена зона“ кон крајот на првата четвртина.
Поентери за домаќините на овој меч беа Ајзеа МекКензи и Тајлер Крофт, а додавањето на Расел Вилсон го пресече Џордан Појер.
Билс ја отворија втората четвртина со нови три поени преку филд-голот на Тајлер Бас за водство од 17-0.
Во наредниот напад, Расел Вилсон комбинираше неколку пати со Ди Кеј Меткалф, за накрај сам да постигне тачдаун со пробивање од еден јард за 7-17.
Гебриел Дејвис на четири минути пред паузата на полувремето ја фати топката упатена од Џош Ален за трет тачдаун на Билс и водство од 7-24. Ален имаше неверојатна статистика во првиот дел со 24/28 обиди за додавање, со 282 освоени јарди со пасови и три тачдауни.
Конечниот резултат после две четвртини игра беше 10-24 за Билс, откако Џејсон Маерс погоди филд-гол за Сихокс.
Три напади од третата четвртина завршија со поени. Најпрво, Бас погоди филд-гол за 27-10 во корист на Бафало, а потоа ДиЏеј Далас постигна тачдаун, на којшто му следуваше филд-голот на Маерс за 27-20 во пресрет на последните петнаесет минути игра.
Зек Мос го претвори првиот напад од четвртата четвртина во нови шест поени за Бафало, со пробивањето од еден јард за предност од 34-20 (со дополнителната конверзија на Бас). Одбраната на домаќините, односно Тре’дејвиус Вајт го пресече второто додавање на Вилсон вечерва и му даде одлична стартна позиција на својот тим на само три јарди од противничката енд-зона, а Ален го искористи тоа најдобро за петтиот тачдаун со трчање во новата сезона и предност на Бафало од 41-20.
После само три акции и неполна минута, Дејвид Мур прими една „бомба“ од Вилсон за ново полагаше и намалување на 27-41.
По неуспешниот напад на Билс, повторно одбраната беше таа што ги врати во колосек, откако Еј Џеј Клајн избори фамбл, а потоа и сам успеа да го поклопи за нов посед на својот тим. На неговата одлична одбранбена реакција ѝ следуваше нов филд-гол на Бес за 44-27.
На помалку од две минути до крајот, сè уште ѝ се немаше ставено крај на поентерската ноќ, бидејќи Ди Кеј Меткалф постигна нов тачдаун и го постави резултатот на 44-34.
Доказ за моќноста на одбраната на Билс, освен четирите добиени топки, е и фактот дека противничкиот квотербек доби дури шеснаесет удари што е најмногу во тековната сезона за било кој квотербек.
Од друга страна, во нападот доминираше Џош Ален со 31/38 обиди за додавање, со вкупно 432 освоени јарди и со постигнати тачдауни (три со пасови и еден со трчање).
Со оваа победа, Бафало дојде на учинок од 7-2 за првпат после 1993, кога воедно стигнаа и до Супер Боул.
Во соработка со НФЛ Македонија