Во третото кошаркарско коло премиерен триумф на КК Црн Дрим Грин мобиле на тешкото гостување против младата екипа на МЗТ Скопје Уни Банка. Гостинската екипа го имаше водството, ја имаше контролата на натпреварот, но домаќините во финишот се вратија во игра за бодови.
КК Црн Дрин Грин мобиле сепак ја оствари својата цел и стигна до голем триумф со резултат од 75:78. Во победничкиот табор најефикасни на мечот беа Настовски со 32 коша, а неговиот двоцифрен учинок го следеа, Рос со 18, Клусен со 17 и 13 коша зад своето име запиша Жоао Марсело. Во тимот на МЗТ најефикасен заврши Исабел со 23 постигнати коша.



