Реал Мадрид во Италија на гостински терен го совлада Интер со резултат од 0:2, а погодоците за кралевите ги постигнаа, Еден Азар во 7 минута од пенал и во 59 минута резервистот Родриго ги постави конечните 0:2.
Еден Азар успеа да го прекине постот без погодок во Лига шампиони кој му траеше три години и три дена. Точно од 22 ноември 2017 година Азар беше без погодок во најелитното европско натпреварување, кога во дресот на Челзи постигна гол во победата од 4-0 над Карабах.