недела, јануари 17, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

Вардар загубија од Киелце и во Полска!

Марјан Туртуров ✏️ Марјан Туртуров
ноември 25, 2020
📁 Ракомет, Спорт

Ракометарите на Вардар во рок од шест дена два пати загубија од Киелце во Лигата на шампионите.

За разлика од минатонеделниот натпревар во Скопје кога вардарци одиграа далеку подобро, овој пат во Полска немаа никакви шанси да се реваншираат и на крајот загубија со 36:29.

Вардар добро го започна натпреварот и успеа да поведе со 5:2 но одговорот од Киелце дојде експресно со мини серија од 3:0 со која се врати резултатската неизвесност.

Потоа се играше гол за гол се до финишот од првиот дел кога ракометарите на Киелце со серија од 5:0 дојдоа до предност од 15:10. Во второто полувреме, домашните ракометари умешно ја одржуваа предноста, ги казнуваа сите грешки на вардарци, па така во воведните минути дојдоа и до 21:14. Вардарци со обидоа да се вратат, ја намалија негативата на минуси четири (24:20 и 26:22) но немаа сили, односно противникот не им дозволи да внесат неизвесност во финишот и рутински ја забележа шестата победа во осмиот натпревар.

Најпрецизен во редовите на Вардар беше Тимур Дибиров со седум гола, шест гола постигна Ловро Јотиќ, а по четири дадоа Стоилов, Дисингер и Чупиќ, додека кај Киелце исто како и на првиот натпревар блескаше Алекс Душебаев со седум гола.

По овој пораз Вардар е шести на табелата со три бода но од пет натпревари, додека Киелце е лидер со 13 бода.
Наредниот предизвик за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите ќе биде гостувањето кај Никола Митревски и Порто наредната недела.

ShareTweet
Претходна вест

Македонскиот репрезентативец надвор од терените!

Следна вест

(Видео) Азар после пауза од три години постигна гол во ЛШ

Марјан Туртуров

Марјан Туртуров

Слични вести

(ВИДЕО) Харден дебитираше за Бруклин со трипл-дабл
Кошарка

(ВИДЕО) Харден дебитираше за Бруклин со трипл-дабл

✏️ Епов Насе
17/Јан/2021
(ВИДЕО) Пекерс пресилни за Ремс во конференциското полуфинале
Останато

(ВИДЕО) Пекерс пресилни за Ремс во конференциското полуфинале

✏️ Епов Насе
17/Јан/2021
Ниту џокерот Несторовски не беше доволен Удинезе да избегне пораз
Спорт

Ниту џокерот Несторовски не беше доволен Удинезе да избегне пораз

✏️ Предраг Јанчески
17/Јан/2021
Јован Стојоски втор и со личен рекорд на првенство во сала
Спорт

Јован Стојоски втор и со личен рекорд на првенство во сала

✏️ Предраг Јанчески
17/Јан/2021
Следна вест
(Видео) Азар после пауза од три години постигна гол во ЛШ

(Видео) Азар после пауза од три години постигна гол во ЛШ

Последно

(ВИДЕО) Харден дебитираше за Бруклин со трипл-дабл

(ВИДЕО) Пекерс пресилни за Ремс во конференциското полуфинале

Ниту џокерот Несторовски не беше доволен Удинезе да избегне пораз

Јован Стојоски втор и со личен рекорд на првенство во сала

Спартанците газеа! Македонија по втор пат во историјата на Европско

Нацијата згрозена и загрижена за бездушната репрезентација

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.