Неколку играчи добија максимални договори од околу 200 милиони долари. Огромни договори што се движат во рамките на максимумот потпишаа неколку НБА играчи, што ја прави кошаркарската лига најскапа на светот.
Бем Адебајо потпиша максимален договор на пет години, што ќе тежи вкупно 195 милиони долари, со вклучени бонуси, а ист таков договор со Јута Џез потпиша Донован Мичел, а по него и Џејсон Тејтум со Бостон Селтикс.
Брендан Инграм ја продолжи соработката со Њу Орлеанс Пеликанс за пет години, за вкупна сума од 158 милиони долари, а пет милиони долари повеќе доби Деарон Фокс за продолжување на договорот со Сакраменто Кингс.