Екипата на Автомобилист од Екатеринбург ја запиша својата трета последователна победа,откако денес ги совлада Барис Нур-Султан со 3-2.
Домаќините го отворија мечот со двата брзи гола на Питер Холанд и на Брукс Мачек, а до крајот на првата третина, Барис намали на 2-1 преку Роман Старченко.
Во наредните два периоди паднаа два гола, односно по еден и на двете страни. За рускиот состав, погоди Алексеј Макејев во втората, а во третата третина, конечниот резултат го постави Јакоб Лилја, со својот втор гол во казахстанскиот дрес.
На табелата на Истокот, Автомобилист е втор, со бод и натпревар помалку во однос на првопласираниот Омск, а Барис ја зазема деветтата позиција.



