Французинот Жулиен Алафилип влезе во неверојатна форма, по завршувањето на Тур д Франс.
Имено, возачот на ,,Декојнинк-Квик-Степ” стана светски шампион, заврши во најдобрите пет на ,,Лиеж-Бастон-Лиеж”, а денес победи и на уште една еднодневна трка – ,,Флеш Брабанкон” (Де Брабантсе Пајл). Имено, Алафилип стана првиот актуелен светски шампион што победил на ,,Флеш Брабанкон”, после Шпанецот Оскар Фреире во 2005.
Оваа трка се одржа во Белгија и беше долга 197 километри. Алафилип ја помина патеката за време од 4:36:52, а зад себе ги остави Матје ван дер Поел и Беноа Конфроа во завршниот спринт.
За Французинот, ова е прва победа на споменатата трка и вкупно седми триумф на еднодневните трки и класици.



