Второ коло од Еврокупот каде што тимот на Ненад Димитријевиќ, Хувентуд Бадалона дојде до рутинска победа на гостувањето во Франција против Бург со резултат од 84:77. Првиот дел помина во израмнета борба, а како одминуваше натпреварот се согледуваше ликот на победникот.
За 19 минути поминати на паркетот одличниот плејмејкер Ненад Димитријевиќ беше блиску до дабл ефект, а успеа зад своето име да запише девет поени, седум асистенции и три скока.
По две одигра кола Хувентуд Бадалона има максимални две победи и е на врвот на табелата, пред екипите со половичен успех: Уникс, Бург, Венеција и Партизан, додека на дното е турскиот преставник.



