
Автомобилист Екатеринбург го искористи домашниот терен и по четврт пат во новата сезона и го совлада Спартак Москва со 4-1.
После шеснаесет минути игра, гостите од руската престолнина поведоа со 0-1 преку првиот овосезонски погодок на Андреј Локтионов.
До крајот, триумф на домаќините им донесе Сергеј Широков со постигнат хет-трик, а еднаш во листата на стрелците влезе и Степан Хрипунов.
Спартак остана без поени за првпат сезонава и падна на петтата позиција на Западот, додека Автомобилист го презеде врвот во Источната конференција.