Петтиот меч од финалната серија на КХЛ заврши во корист на Авангард Омск.
Имено, ,,Јастребите” славеа со 0-2 над ЦСКА Москва и поведоа со вкупни 3-2.
Двата погодоци на мечот паднаа во втората третина, откако Дамир Шарипзјанов и Рид Бушер ја затресоа мрежата на Ларс Јохансон.
Освен стрелците, важна алка во победничкиот состав беше голманот Симон Хрубец, кој дојде до четвртиот шут-аут во тековниот плејоф со 26/26 одбранети удари.
Шестиот дуел на двете екипи е закажан за среда (28 април) со почеток од 18.00 часот.
📸 Twitter: ХК Авангард



