Синоќа, кошаркарите на Оклахома Сити Тандер го запишаа дури четиринаесеттиот пораз во низа, откако загубија со 121-90 од Филаделфија 76ерс.
Имено, 76ерс триумфираа за првпат на последните пет мечеви со убедлив4ата игра и со градењето на предноста во текот на сите четири четвртини.
Најефикасен поединец на овој дуел беше Тај Џером (Оклахома) со 22 поени, а од неговите соиграчи, солиден беше и Дариус Базли со 14 кошеви.
На спротивната страна, Џоел Ембиид со 21 поен беше најпрецизен, а втор стрелец беше Бен Симонс со 12.
Во Источната конференција, Филаделфија (40-21) остана на второто место, додека Оклахома (20-41) е тринаесетта екипа на Западот.
📸 Tim Nwachukwu/Getty Images



