
После СКА Ст. Петербург, Авангард Омск стана другиот полуфиналист на тековната КХЛ сезона.
Во четвртфиналето, ,,Јастребите” направија ,,чистка” против Металург Магнитогорск, елиминирајќи ги со 4-0.
Четвртиот меч од меѓусебната серија беше одигран во ,,Арена Металург” и заврши со 1-3 во корист на победничкиот состав.
Уште во првата минута, Сергеј Толчински им донесе водство на гостите, пред Григори Дронов да израмни во корист на ,,Лисиците”.
Со по еден гол во наредните две третини, Рид Бушер зголеми на 1-3, а Алекс Броудхарст го постави конечниот резултат и му донесе конференциско финале на Авангард, каде што ќе игра и победникот од дуелот помеѓу АК Барс Казањ и Адмирал Владивосток.