
Каролина Хурикејнс е вториот тим од Источната конференција, кој обезбеди плејоф за тековната НХЛ сезона.
Синоќа, претставниците на Рејли загубија на домашен терен од Њујорк Ренџерс со 1-2, но сепак останаа на втората позиција.
Од друга страна, Ренџерс славеа по петти пат на последните шест средби и избија на петтото место со пет бода до сигурно доигрување.
На мечот, Себастијан Ахо им донесе водство на домаќините во првата третина, а во наредните два периоди, Артеми Панарин и Адам Фокс го комплетираа гостинскиот пресврт.