Победата на Сан Антонио од 120:104 над Чикаго Булс беше историска за тренерот на Спарс, Грег Попович. Имено, тој стигна до 1.300 победи во кариерата и е само трет тренер во историјата на НБА лигата по Лени Вилкенс и Дон Нелсон кој стигнал до оваа бројка.
На Попович му беа потребни 1.934 натпревари како предводник да стигне до јубилејната победата, што е рекорд пред Вилкенс кој има 1.332 победи, додека Нелсон во тренерската кариера остварил три победи повеќе.
Веќе 15 години Попович е на кормилото на Спарс, со кои освои пет шампионски прстени и е еден од петмината тренери во историјата кои може да се пофалат со пет или повеќе титули во НБА лигата.