
Иако го започна плејофот со пораз од Сибир Новосибирск, Авангард Омск поврза пет победи во доигрувањето.
Имено, ,,Јастребите” дојдоа до вкупно водство од 1-0 во четвртфиналето против Металург Магнитогорск, откако денес славеа со 2-1 после продолжение.
Во првата третина, почетна предност на домаќините им донесе Рид Бушер, а во вториот дел, за гостите погоди Семјон Кошелев.
Од дополнителниот дел, на Авангард му требаа неполни девет минути за да дојде до конечен триумф, откако Арсени Грицјук ја затресе мрежата на Едвард Пасквале.