
Пеликанс го искористија домашниот терен и поведоа со вкупни 1-0 против КалПа, откако го добија првиот четвртфинален дуел со 2-1.
На мечот, уште во петтата минута, КалПа поведе со 0-1, благодарение на првиот овосезонски погодок на Јеспер Матила.
Сепак, до крајот, со по еден гол во наредните две третини, ,,Пеликаните” успеаја да дојдат до целиот плен.
Голгетери за претставниците на Лахти беа Јони Иконен и Тајлер Келер.