Нефтехимик Нижнекамск го претрпеа својот четврти последователен пораз, откако, на домашен терен, беа поразени минимално со 1-2 од фаворизираните Авангард Омск во единствениот одигран денешен меч.
Сите три погодоци паднаа во втората третина. Најпрво, Омск поведе преку првиот овосезонски гол на Алексеј Емелин, а после седум минути, за домаќинот израмни Александер Кучерјавенко.
Конечниот резултат го постави Кирил Семјонов со својот втор гол, односно петти поен сезонава.



