Ракометарките на ЖРК Куманово според планот ја отворија новата сезона во женската Суперлигата, со висока победа нагости кај Спартак, со резултат 18-34 (полувреме 10-17).
Кај гостинките од Куманово фантастична беше младата голманка Марија Јовановска со 12 одбрани и 1 седмерец, додека Кипријановска, Џакмиќ и Пецанова беа најефикасни во нападот со по 5 голови.



