
Авангард Омск дојде до израмнување на 1-1 во полуфиналето против АК Барс, откако го доби вториот дуел со 2-3.
,,Јастребите” постигнаа еден гол во првата и два гола во втората третина, а стрелци беа Виктор Сведберг, Рид Бушер и Алекс Броудхарст.
Во третиот период, заостатокот на домаќините го намалија Артјом Лукојанов и Дмитри Јудин.
Третиот дуел од финалето на Источната конференција е закажан за два дена во Омск.