
Екипата на Кардица изби на второто место во северната дивизија на грчката Супер лига 2.
Во седумнаесеттото коло, ,,Канаринците” славеа со 4-1 над Дијагорас и на тој начин го искористија киксот на АЕЛ Лариса, која падна на третата позиција.
За Анагениси, во првото полувреме стрелаа Василис Бузас (9′) и Еврипидис Јакос (26′), а во вториот дел, двоен голгетер беше Лампрос Политис (47′, 67′).
На осумнаесет минути пред крајот, дефицитот на гостите го намали Јанис Парастатидис (72′), кој воедно го постави и конечниот резултат.
Со вториот пораз во низа, Дијагорас падна на деветтата позиција на табелата со четири бода предност пред ,,црвената” зона.