Еурофарм Пелистер вечер со почеток од 18:00 часот дома го игра првиот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата против Татран Прешов.
Голманот Марко Кизиќ даде своја изјава за очекувањата од натпреварот:
Имаме два натпревари и нема да имаме многу време да се спремиме, но верувам дека ќе бидеме подготвени. Ќе се обидеме да победиме на првиот меч. Имаат искусен тим кој заслужува почит за сѐ што направија во досегашниот дел од сезоната, но нашата цел останува иста, а тоа е да го обезбедиме местото на завршниот турнир.