
Во првиот меѓусебен дуел од четвртфиналето на КХЛ, Авангард Омск убедливо го декласира Металург Магнитогорск со 1-8.
Актуелните шампиони ја направија клучната предност уште во првата третина, после која водеа со 0-4.
Во вториот дел, Брендан Лајпсик намали на 1-4 за ,,Лисиците”, но до крајот, ,,Јастребите” уште четири пати ја затресоа противничката мрежа.
Во листата на стрелците од победничките редови се запишаа: Иван Телегин, Дамир Шарипзјанов (х2), Наил Јакупов, Николај Прохоркин (х2), Кирил Семјонов и Тимофеј Давидов.