Македонската ракометна репрезентација денес во Букурешт со почеток во 17 часот ќе гостува на Романија и ќе се обиде да ја сочува предноста од +8 oд првиот натпревар и да се пласира во вториот бараж каде ќе не чека селекцијата на Чешка.
“Треба да ги издржиме првите 15-20 минути на стартот кога Романија ќе тргне со сета сила на нашиот гол. Треба да сме ментално силни за да го издржиме тој напад. Сигурен сум дека физички ќе го издржиме, а имаме и добра стратегија. Затоа потенцираме дека ментално треба да издржиме и потоа би требало да можеме да го контролираме целиот меч“, изјави селекторот Кирил Лазаров.