Во отсуство на Богдан Богдановиќ на едната, односно на Пол Џорџ и на Кавај Ленард на другата страна, Атланта Хокс ги поразија ЛА Клиперс со 108-99.
Сè до третата четвртина, резултатот се менуваше во корист и на двете екипи, со, за нијанса, подобра игра на гостите од Лос Анџелес. Веќе кон средината на третиот квартал, Хокс ја презедоа предноста и ја држеа до крајот.
Тре Јанг, со 38 поени, беше најефикасен кошаркар на Атланта, а за победата придонесе и Клинт Капела со дабл-дабл од 13 поени и од 18 скокови.
Кај Клиперс, Реџи Џексон уфрли 20 поени.
За Атланта (9-8), овој триумф значеше скок на шестото место на Истокот, додека Клиперс (13-5) паднаа на третото место Западот.
📸 Harry How/Getty Images