TC Chandler и независните критичари секоја година прават листа на топ 100 најубави лица. За 2020 година, титулата за најубава личност ја презеде израелскиот модел Јаел Шелбиа, која има 19 години и моментално отслужува воен рок во редовите на израелските воздухопловни сили. Таа е позната манекенка, лице од козметичките кампањи на Ким Кардашијан и на Кајли Џенер.