Историскиот почеток на сезоната за Флорида Пантерс беше загарантиран синоќа со триумфот над Колумбус Блу Џекетс после пенали (3-4).
Имено, за првпат во историјата на франшизата, Пантерс ја започнаа сезоната со три победи во низа и засега се единствен непоразен тим во НХЛ, заедно со Далас Старс.
После првите десет минути, се чинеше дека историјата ќе почека уште најмалку една сезона, откако Кевин Стенлунд и Александр Тесие му донесоа предност од 2-0 на Колумбус.
Заклучно со втората третина, Флорида успеа да израмни на 2-2 преку Картер Верхеги и Александер Барков.
На почетокот на третиот период, Кем Еткинсон им донесе ново водство на домаќините со играч помалку, а на само две секунди до крајот, Патрик Хорнквист израмни на 3-3 и им донесе на Пантерс продолжение, односно пенали.
Истиот играч го погоди и одлучувачкиот пенал, откако претходно, мрежата на Јоонас Корписало ја затресе Џонатан Хубердо. Единствен прецизен хокеар во пенал-серијата од редовите на Блу Џекетс беше Оливер Бјоркстранд.
📸 Twitter: Florida Panthers PR