Голден Стејт Вориорс се наоѓаат во низа од четири порази и на тежок начин го почувствуваа отсуството на Стеф Кари.
Последниот загубен меч го доживеаја синоќа од Атланта Хокс, откако беа надиграни со 108-124.
Атланта водеше во текот на цел натпревар, а од втората четвртина, резултатската позитива во континуитет беше двоцифрена.
Од победничкиот состав, три кошаркари запишаа дабл-дабл учинок: Џон Колинс (38 поени и 12 скокови), Тре Јанг (21 поен и 15 асистенции) и Клинт Капела (18 поени и 15 скокови).
Од редовите на домашната екипа, најмногу се истакна Ендру Вигинс со 29 кошеви.
На табелата на Западот, Вориорс (22-24) паднаа на десеттото место, додека Атланта (23-22) е петти тим на Истокот.
📸 Noah Graham/NBAE via Getty Images