Синоќа, за првпат после шест меѓусебни порази, Анахајм Дакс успеаја да ги совладаат Ст. Луис Блус со резултат од 1-4.
Имено, во втората третина, ,,Патките” стекнаа капитална предност од 0-2, откако Сем Стил и Макс Џонс ја затресоа мрежата на Џордан Бинингтон.
Во средината на третиот период, Рајан О’Рајли намали на 1-2 и ја врати неизвесноста во овој меч.
Сепак, во завршната минута, Дерек Грант и Рикард Ракел погодија на празна мрежа и го поставија конечниот резултат.
На табелата на Западната дивизија, Анахајм ја зазема последната осма позиција, додека Ст. Луис се наоѓа на четвртото место.
📸 Scott Rovak/NHLI via Getty Images