
Откако завчера загубија со 0-5 од Сан Франциско Џајантс, синоќа, Атланта Брејвс го возвратија ударот и славеа со 9-0.
После првите три ининзи, Џајантс резултатски се држеа на 0-0, но во наредните пет периоди, домаќините од Џорџија ги постигнаа сите поени.
Од играчите на победничкиот состав, хоум-ран постигнаа Хорхе Солер, Остин Рајли и Ози Албис, а по четири бази освоија Фреди Фримен, Џок Пидерсон, Дансби Свансон и Гиљермо Хередија.
На табелата на Националната лига, Џајантс (84-46) го држат првото, а Атланта (70-59) – четвртото место.



