Десното крило Никола Костески во новата сезона ќе биде дел од екипата на Холабрун од Австрија каде настапува уште поранешен македонски репрезентативец, Влатко Митков.
Костески потекнува од екипата на РК Струга, а во својата кариера го носеше дресот на Металург со кој играше неколку сезони во Лигата на шампионите, Селка (Турција), Татран (Словачка), а последните две сезони беше дел од Линц (Австрија).
Костески во летниот преоден рок откако не се договори со Линц беше во потрага по нова средина. Помеѓу другото имаше неколку понуди од екипи кои настапуваат во Лигата на Европа, а интерес имаше и од еден Бундеслигаш, но недостигот на европски пасош и ограничувања на бројот на странци беше главна причина за да не се реализира некој од овие трансфери.



