Натпреварувачите на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид викендов учествуваа на Меѓународниот А класа Таеквондо ИТФ натпревар “Бугарија Опен” кој се одржа во Пловдив на 26-27 јуни во организација На Бугарската Таеквондо ИТФ Федерација.
Ова беше прв меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар во живо на овие простори после период од нецели 2 години. На овај натпревар учествуаваа околу 400 натпреварувачи од 7 земји (Македонија, Бугарија, Грција, Кипар, БиХ,Украина и Молдавија) при што беа донесени најдобрите поединци, за да ја проверат нивната форма , со надеж да се учествува на Европското првенство доколку е се во ред, кое треба да се одржи од 25-31 октомври во Хераклион на Крит оваа година.

Во текот на оваа пауза се трудевме да го одржиме натпреварувачкиот дух и добрата спремност на натпреварувачите, при што учествувавме на два онлајн натпревари. Иако немавме досега натпревари во живо, додека во некои држави веќе се одржуваа, сепак нашите натпреварувачи повторно дадоа се од себе и направија да се гордееме со нив, освојувајќи 1 златен 2 сребрени и 6 бронзени медали, што искрено не се надевавме на ваков извонреден успех со оглед на квалитетот на натпреварот и учесниците на него.Настапивме со 7 натпреварувачи кои натпреваруваа во две дисциплини, форми (борба со замислен противник) и спаринг, од кои најголемо изненадување беше Михаил Јоноски, кој зад себе има 3-4 натпревари и е уште почетник , го освои првото место во спаринг –борби, во категорија деца 11-13 год. -60 кг.
Освојувачи на медали се:
Михаил Јоноски 1 место златен медал спаринг-борби , деца 12-13 год -60 кг
Христијана Парулеска 2 место сребрен медал спаринг-борби , девојчиња 12-13 год -40 кг
Никола Балчески 2 место сребрен медал спаринг-борби , јуниори 14-17 год -55 кг
3 место бронзен медал 6-5 куп (зелен појас) јуниори 14-17 год
Давид Велковски 3 место бронзен медал спаринг-борби , сениори 18-39 год – 71 кг
Божидар Димитриевиќ 3 место бронзен медал спаринг-борби , јуниори 16-17 год +75 кг
3 место бронзен медал 1 дан (црн појас) јуниори 16-17 год
Давид Крстески 3 место бронзен медал 1 дан (црн појас) јуниори 14-15 год
Марио Крстески 3 место бронзен медал 2-1куп (црвен појас) јуниори 14-15 год