
Синоќа, за првпат после 10 мај 2017, Хјустон Астрос славеа на домашен терен против Атланта Брејвс во рамките на МЛБ.
Имено, во вториот меч од големото финале, Астрос триумфираа со 7-2 и ја израмнија серијата на вкупни 1-1.
На натпреварот, клучен ининг за домаќините беше четвртиот, во кој постигнаа четири поени и креираа недостижно водство од 5-1.
Кај домаќините, хоум-ран постигна само Хозе Алтуве, а освен него, со трчање поентираа уште Кајл Такер, Јули Гуриел, Хозе Сири, Мартин Малдонадо и Јордан Алварез.
На спротивната страна, единствен поентер, еднаш преку хоум-ран и еднаш со освоени четири бази, беше Тревис Д’Арно.
Од фрлачите на Хјустон, најзаслужен за триумфот беше стартерот Хозе Урквиди, кој за пет ининзи освои седум страјк-аути.
Третиот меч од меѓусебната серија ќе се одигра во Атланта, вечерта помеѓу 29 и 30 октомври, со почеток од 02.09 часот после полноќ по македонско време.



