
,,Дрим-тимот” на Бруклин Нетс се соочи и со третиот пораз на воведните пет средби, откако синоќа загуби од Мајами Хит со 93-106.
Во текот на мечот, двете екипи беа подеднакво конкурентни, освен во завршните петнаесет минути, кога гостите ја презедоа контролата.
Кај Бруклин, а воедно и на мечот, најефикасен беше Кевин Дурент со дабл-дабл учинок од 25 поени и од 11 скокови, додека Џејмс Харден и Џоу Херис уфрлија по 14, односно по 15 кошеви.
За победничкиот состав, најпрецизен беше Бам Адебајо со 24 кошеви, а Џими Батлер имаше две двоцифрени статистики – 17 поени и 14 скокови.
Во Источната конференција, Мајами (3-1) го зазема третото, а Бруклин (2-3) – дванаесеттото место.



