Никола Костески и неговиот Плзен славеа со 34:30 против Карвина и го освоија Купот на Чешка. Костески беше најдобриот играч на теренот со 8 гола (2 од пенал) со 100% реализација.
Погледнете го најубавиот гол на нашиот Никола Костески кој беше и најубавиот гол во финалето на Купот. Тој погоди фантастичен лист од “мртов” агол на задоволство на навивачите на Плзен.