По вторпат на последните девет меѓусебни пресметки, Асат успеа да го совлада тимот на Хамеенлина.
Во рамките на денешната програма од финската Лиига, клубот од ,,Исомаки Ареена” триумфираше со 3-0 над својот противник.
На мечот, Асат беше подобар ривал и дојде до победа со головите на Доминик Тарџон, на Лееви Виитала и на Вил Грејбер.
Исто така, одлична партија пружи и голманот Никлас Рубин, кој дојде до четвртиот шут-аут со 24/24 одбрани.
На табелата, Асат го зазема десеттото, а Хамеенлина – осмото место.