
Во првото овосезонско градско дерби на Њујорк, Ајлендерс ги поразија Ренџерс со 3-0.
Ренџерс напаѓаа во поголемиот дел од мечот, но на голот на победничкиот состав стоеше одличниот Илја Сорокин, кој запиша 41/41 одбранети шутеви за првиот овосезонски шут-аут.
Од неговите соиграчи, двапати во листата на стрелците се запиша Кајл Палмиери, а еднаш погоди и Џош Бејли.
За двете екипи, стартот на новата сезона не беше сјаен што се покажува со фактот дека ги држат тринаесеттата и четиринаесеттата позиција во Источната конференција.




