Во директниот дуел за првото место во Источната конференција на КХЛ, Металург Магнитогорск го победи Автомобилист Екатеринбург со 3-0.
На овој начин, ,,Лисиците” останаа на врвот и стекнаа предност од четири бода во однос на денешниот второпласиран ривал.
Хокеарите на домашниот состав ги постигнаа сите голови во првите 28 минути игра, а стрелци беа Филип Маје, Николај Голдобин и Никита Короштелев.
Исто така, голманот Едвард Пасквале запиша одлични 37/37 одбрани и дојде до третиот шут-аут во тековната сезона.