
Со синоќешната победа од 6-1 над Аризона Дајамондбекс, Сан Франциско Џајантс дојдоа до серија од четири врзани триумфи.
Џајантс го отворија мечот со серија од 3-0, по која Кристијан Вокер со хоум-ран намали на 3-1, но домаќините, со три поени во шестиот период, го поставија конечниот резултат.
Имено, за Џајантс, во листата на поентерите се запишаа Иван Лонгорија (х2), Џеј Ди Дејвис (х2), Џои Барт и Тијаро Естрада.
Во Националната лига, Џајантс (58-57) го имаат осмото место, а Дајамондбекс (53-62) се деветти.




