Еден од најстарите ракометни турнири во светот, Меѓународниот ракометен турнир во Струга, од денес 16 август до 20 август ќе го има јубилејното 50. издание.
Своето учество во Струга на јубилејното 50. издание го потврдија осум тимови. На отвореното ракометно игралиште покрај женска плажа “Горан Попоски -Бабец” ќе настапат: Целје, АЕК, Татран, Вардар, Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Бутел и домаќинот Струга.
Од осумте учесници четири екипи се последните освојувачи на турнирот: Целје, АЕК, Еурофарм Пелистер и Вардар.
Со ова домаќинот Струга најавува силен турнир и вистинско ракометно уживање како што доликува за 50. издание на еден од најстарите ракометни турнири во светот.