
Во последниот меч од четиринаесеттото коло, ЛА Ремс ги поразија своите дивизиски ривали, Аризона Кардиналс, со 23-30.
Во случај на триумф, Кардиналс ќе беа првиот состав што изборил плејоф и ќе беа на чекор до освојување на првата дивизиска титула после 2015.
Сепак, во НФК, Аризона (10-3) падна на второто место, додека Ремс (9-4), со вториот триумф во низа, скокнаа на петтата позиција.
На паузата за полувреме, двете екипи заминаа со реми од 13-13, а Ремс ја направија својата клучна серија во третата четвртина, која гласеше 0-14.
Од победничките редови, квотербекот Метју Стафорд уфрли 287 јарди од 23/30 прецизни додавања и притоа додаде уште три тачдауни.
По еден тачдаун фатија сите тројца најдобри фаќачи на Ремс, односно Купер Кап (123 јарди), Одел Бекам Џуниор (77 јарди) и Ван Џеферсон (58 јарди).
Во составот на Аризона се врати квотербекот Кајлер Мареј до учинок од вкупни 444 јарди и од две пресечени додавања.
Притоа, најефикасен човек во нападот беше Џејмс Конер со два тачдауни и со вкупно 125 јарди.
Во соработка со НФЛ Македонија