Во првиот меч од третото коло на Чемпионшип, силите ги одмерија две екипи со по два порази во воведните две кола – Хадерсфилд и Нотингем.
Во интересен дуел, Хадерсфилд дојде до својата прва победа сезонава, благодарение на евроголот на Фрејзер Кемпбел – негов прв погодок оваа година.
За Нотингем, ова беше трет пораз на исто толку одиграни натпревари, а за ситуацијата да биде потрагична, избраниците на Сабри Ламуши немаат постигнато ниеден погодок во новата сезона.



