Милвоки Бакс успеаја да ја оправдаат фаворитската улога и да поведат со 2-1 во осмина-финалната серија против Орландо Меџик.
Претставниците на Висконсин, во третиот натпревар, изборија победа од 107-121. Бакс доминираа цело време, а нивната предност, во еден наврат, изнесуваше дури триесет и четири поени.
Најзаслужен за победата беше Јанис Антетокумбо со дабл-дабл учинок од триесет и пет поени и единаесет скокови. Кај Орландо, со дваесет и четири поени, најефикасен беше Ди Џеј Огустин.