Драгана Костова е докажана македонска фудбалерка, која што паралелно се образува и во тренерскиот занает, па од оваа сезона е прв тренер на Фк Росоман 83 и уште на стартот на прво коло од Втора лига Исток на домашен терен славеше победа и први три бода против Фк Слога од Виница.

Погодоците за победничката екипа ги постигнаа Антонио Јанев и Благоја Темков, а Костова уште на стартот на сезоната најде победничка формула за успешен старт на сезоната.




