
Сибир Новосибирск дојде до петтата победа на последните шест средби, откако триумфираше со 4-2 над АК Барс Казањ.
После седумнаесет минути игра, гостите веќе водеа со 0-2 со головите на Максим Биков и на Кирил Петров.
Сепак, до крајот, домаќините четири пати ја затресоа мрежата на Тимур Билјалов од вкупно петнесет шутеви со реализација од 26,67%.
Во листата на стрелците за претставниците на далечниот Исток влегоа Тејлор Бек, Денис Голубев и Александер Шаров (х2).
Во Источната конференција, Сибир го држи петтото место, а АК Барс се наоѓа на седмата позиција.