Овогодинешниот УС Опен донесе големи возбудувања и контроверзни моменти, но најмногу ќе биде запаметен по финалето во машката конкуренција.
Имено, Доминик Тим и Александар Зверев се бореа над четири часа за да ја освојат првата грен-слем титула во нивните кариери.
Зверев беше седми носител, наспроти третата позиција на Тим, но успеа да поведе со 2-0 во сетови.
Во продолжение, Австриецот израмни на 2-2, а во петтиот сет, победникот го пресуди тај-брејкот.
Накрај, Доминик Тим дојде до победата од 3-2 (2-6, 4-6, 6-4, 6-3, 7-6 (8-6)) и стана 150. тенисер во историјата што освоил грен-слем титула.



