Во рамките на 13 коло од Прва ЖФЛ, во фер и коректен натпревар во дербито на дното и на екипите од долниот дел на табелата, во Велес екипата на ЖФК Борец стигна до голем триумф над екипата на ЖФК Плачковица од Радовиш со резултат од 2:0. Ова беше меч на кој што двете екипи бараа бодови, а домашните фудбалерки ги искористија шансите и запишааа три бода.