Наташа Андонова е добро позната личност во шпанскиот фудбал, откако го носеше и дресот на гигантот Барселона, а сега со своите настапи за Леванте игра во одлична форма.
На последниот првенствен натпревар на гостувањето против Атлетик Билбао, Леванте триумфираше со 0:2, а Наташа Андонова го постигна водечкиот гол и тоа со евро-гол од далечина. До крајот на мечот домашните фудбалерки си постигнаа автогол за краен резултат од 0:2.