Во рамките на 12 коло во фер и коректен натпревар во Кочани се соочија истоимената еипа на ЖФК Кочани и тимот на ЖФК Истатов од Нов Дојран. Крајниот резултат гласи 0:11 на полувреме беше 0:6.
Во еден нерамноправен натпревар Истатовки постигнаа висока победа против младата домашна екипа и со освоените три планирани бодови ја продолжија битката за пласман во првата половина од табелата што значи и опстанок во Прва ЖФЛ.
Најзаслужи за триумфот се Кристина Петрушевска со постигнат хет-трик, а двојни стрелци беа Надица Костеска, Деспина Пауновиќ и Сара Хусеин. По еден гол постигнаа Бојана Петкова и Радица Чонева.