Атланта Брејвс е првиот тим што дојде на чекор до полуфиналето, откако поведе со 2-0 во четврт-финалната серија против Мајами Марлинс.
Имено, Брејвс синоќа славеа со 2-0 над ривалите од Флорида во релативно сиромашен натпревар.
Солидна партија имаа двата фрлачи, односно Ијан Андерсон (Атланта) со осум и Пабло Лопез (Мајами) со седум ,,страјк-аути”.
Единствените поени на оваа средба паднаа после хоум-раните во вториот и во четвртиот ининг.
Во листата на стрелците за Атланта, по вторпат во низа, се запишаа Дансби Свонсон и Тревис д’Арно.



